Крај на црната серија: Јувентус ја прегази Пиза

48
фото: JuventusFC (X)

По четири натпревари без победа во Серија А, екипата на Јувентус вечерва покажа класа и со убедливи 4:0 славеше против екипата на Пиза. „Старата Дама“ успеа да ја прекине црната серија и да дојде до 14-тата победа сезонава и да се врати на местата кои обезбедуваат европски пласман.

Јуве вечерва пред своја публика поведе дури во второрто полувреме. Пиза одлично се држеше во првите 45 минути и не дозволи да прими гол. Но играта на гостите се распадна по голот на Камбиасо во 54. минута кога Јуве поведе со 1:0. Следуваше гол на Турам во 65. минута за 2:0, па потоа и на Јилдиз за 3:0 во 75. минута.

Во последните минути од мечот Бога погоди и за 4:0 што беше и конечен резултат на мечот.

ПретходноЧаир со одлична последна четвртина до победа над Работнички
СледноСити со пресврт до четвртфинале на ФА Купот