Македонската женска ракометна репрезентација ја запиша првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година, откако славеше на реванш мечот со 33-28.
Една од најдобрите наши ракометарки на теренот беше Ива Младеновска имаше шест гола од исто толку обиди. Еден од головите на Младеновска се најде на радарот на ЕХФ.
View this post on Instagram
Македонија со оваа победа се најде на третото место во групата кое води на ЕП, но за потврда на билетот, ќе мора да одигра добри мечеви против Германија и Словенија во последните две кола.










