Миовски на клупа, Ренџерс поразен на пенали, навивачите приредија хаос (ВИДЕО)

289

Фудбалерите на Селтик се пласираа во полуфиналето на Шкотскиот куп, откако го елиминираа својот најголем ривал, Ренџерс, во „Олд Фирм“ дербито по изведување на пенали. Ни овој пат, едно од најголемите европски дербија не можеше да помине без хаос и инциденти, а по пенал серијата настана вистински хаос.

Регуларните 90 минути завршија без голови, како и продолженијата, а потоа дојде време за изведување на пенали. Гостите беа прецизни во сите четири наврати, додека Бајрами и Надери погодија за Ренџерс, а Таверние и Гасама, промашија.

Нашиот Миовски остана на клупата за резерви.

Веднаш по изведувањето на пенали, хулиганите на Селтик упаднаа на теренот и се упатија кон противничките навивачи, а кога навивачите на Ренџерс одговорија и влегоа на теренот на познатиот „Иброкс“, следеше вистинско стампедо на гостите. Целата ситуација ја решија полицајците кои со жив штит ги раздвојуваа вете навивачки групи.

ПретходноПобеди за Работнички и Борец, супер-дербито утре во Струмица
СледноСтојчевски во Кратово, Бафто во Тетово