Сан Антонио ги запре „ракетите“, Лејкерс триумфално со Њујорк

102
фото: Los Angeles Lakers (X)

Сан Антонио Спарс убедливо ги победија Хјустон Рокетс со 145:120 и ја забележаа четвртата последователна победа во НБА во еден од најинтересните дуели синоќа. Спарси до победата дојдоа со убедлива офанзивна игра, бидејќи шутираа со 58 проценти од поле, погодија 21 тројка од 40 обиди, а забележаа и 38 асистенции.

Вембањама беше движечката сила зад нападот на домашниот тим. Тој постигна 29 поени, а заедно со него одлични беа и Стефон Касл со 23 и Келдон Џонсон постигна 20 поени. Кевин Дурант и Амен Томпсон го предводеа Хјустон со по 23 поени.

Њу Орлеанс ги победија Вашингтон со 138-118. Визардсите сега се во серија од осум порази, а со бројот на повредени играчи, ситуацијата има потенцијал да се влоши. Од друга страна, Пеликанс го добија својот шести натпревар од последните девет. Треј Марфи заврши со 24 поени, додека Садик Беј додаде 23 против својот поранешен клуб. Најефикасни играчи на „Визардс“ беа Треј Џонсон со 20 поени и Вил Рајли со 19.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Њу Орлеанс – Вашингтон 138:118

Милвоки – Орландо 91:130

Сан Антонио – Хјустон 145:120

Портланд – Индијана 131:111

Сакраменто – Чикаго 126:110

Феникс – Шарлот 111:99

Торонто – Далас 122:92

Мајами – Детроит 121:110

ЛА Лејкерс – Њујорк 110:97

ПретходноОд пораз до победа: Столе и Валенсија со два гола во судиско продолжение до победа!
СледноАлегри: Победата е важна, но седум бода се голема предност