Адем Мекиќ повторно го облече дресот на Задар

71
фото: kkzadar.hr

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ се врати во Хрватска. „Добриот дух“ на соблекувалната на Задар по две шампионски титули во 2023 и 2024 година, повторно е играч на хрватскиот состав.

Мекиќ се враќа во дресот на Задар од екипата на Бор од Косово со која го раскина договорот неодамна.

Мекиќ добро го познава тимот, играјќи и со дел од денешните кошаркари на хрватскиот состав. Како што објавија од клубот, тој потпишал договор со Задар до крајот на сезоната.

ПретходноВардар во мисија да се врати на победите
СледноЧави: Лапорта тотално ме разочара, тој не раководи со Барселона, таму главниот збор го има друг!