ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ

42

Во рамки на проектот “Играј одговорно“, се одржа едукативно предавање со цел превенција и зголемена свесност кај младите луѓе за опасноста и ризиците од прекумерното играње на игрите на среќа.

Со поддршка на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, Здружението на лекувани зависници, на 26.02.2026 одржа едукативна работилница за превенција од болести на зависност. Работилницата беше одржана во училиштето Круме Кепески за учениците од осмо и деветто оделение.  

Работилницата ја одржа прим. д-р Павлина Васкова, спец. невропсихијатар. На работилницата беа споделени едукативни информации за проблематиката и предизвиците на зависностите, акцентирајќи ја важноста на превенцијата, заштитата и одговорноста.

Особен акцент беше ставен на улогата на едукацијата како клучен фактор во спречувањето на негативните последици од прекумерното играње, особено кај младата популација.

Како компанија која уште од самиот почеток сериозно и системски пристапува кон ова прашање, ДВЛМ преку едукација, навремено информирање и грижа за играчите, активно придонесува кон превенција на негативните последици од прекумерното играње и кон градење култура на одговорно играње.

Видеолотарија Касинос Австрија постојано ги поддржува и развива кампањите за одговорно играње, со посебен акцент на превенција од прекумерно и проблематично играње. Дел од оваа заложба е и континуираната едукација за ризиците од компулсивното играње.

Во 2019 година беше формиран СОС тимот – прв од ваков вид во земјава, со активирана СОС линија за телефонска и електронска поддршка. Советодавната помош ја обезбедува стручен тим од психолози и психијатри, подготвен да понуди поддршка и насоки во доверлива и безбедна форма.

Компанијата е носител на европскиот сертификат за одговорно приредување игри на среќа од Европската асоцијација на лотарии – признание за долгорочната заложба кон одржливо делување, поддршка на спортски, образовни и културни проекти, како и заштита и едукација на играчите.

Континуирано потсетуваме дека учеството во игрите на среќа е дозволено исклучиво за лица над 18 години, во согласност со законските регулативи и принципите на одговорно приредување игри на среќа.

ПретходноВистински ЦИРКУЗ: Партизан го врати Благојевиќ на тренерската клупа!
СледноБраво: Некогашниот дефанзивец на Струга ТЛ му го спаси животот на противнички играч на Малта!