И Кристијан Стојкоски во клубот – 300!

140
ФОТО:facebook.com/FCTikves1930Kavadarci/

Мала свеченост вчера во Кавадарци пред дуелот меѓу Тиквеш и Пелистер, кој домашните го добија со 1:0. Имено искусниот офанзивец на кавадарчани Кристијан Кико Стојкоски го впиша својот 300-ти настап во нашата елитна фудбалска лига. Токму затоа првиот човек на Тиквеш, Миле Масларков како подарок му врачи дрес на Кико со бројот – 300.

Колку за потсетување. Стојкоски е роден во Ѓорче пред 34 години, и норнално беше кариерата да ја заопочне во симболот на таа скопска населба, Македонија ЃП, каде себе си се промовира во квалитетен офанзивец. Потоа кариерата го водеше низ клубовите како Тетекс, Шкупи, Брера, во неколку наврати се враќаше дома во Македонија ЃП, а играше и за Работнички а сега е во Тиквеш.

ПретходноНе се чекаше многу: Лапорта му одговори на Чави!
СледноМота и Де Зерби кандидати за клупата на Тотенхем