Денвер Нагетс рутински гo победија Хјустон со 129:93 во натпревар од регуларната сезона на НБА. Никола Јокиќ го запиша својот 25-ти трипл-дабл во сезоната, завршувајќи со 16 поени, 12 скока и 13 асистенции.
По тешките порази од Њујорк Никс и Оклахома Сити Тандер, тимот од Колорадо покажа дека против третопласираниот Хјустон нема лесно да се откаже од својата позиција во плеј-офот. Јокиќ одигра уште еден исклучителен натпревар во кој се фокусираше на контрола на играта на теренот, наместо на постигнување поени.
Лос Анџелес Клиперс убедливо ја победија Минесота со 153:128. Клиперси се во благ пораст на формата, бидејќи оваа победа им ја донесе третата последователна победа во НБА и шеста вкупно во последните седум натпревари.
Одлучувачкиот фактор во победата за тимот на Тајрон Лу беше шутот за три поени, бидејќи погодија 19 пати од 37 обиди. Најефикасен играч во победничкиот тим беше Кавај Ленард со 45 поени. Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 36 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Орландо – Кливленд 128:122
Њу Орлеанс – Торонто 122:111
Јута – Њујорк 117:134
Денвер – Хјустон 129:93
Сакраменто – Шарлот 109:117
ЛА Клиперс – Минесота 153:128










