Хајдук во јануари добива звучно засилување во нападот

491

Сплитски Хајдук во јануари добива звучно засилување во своите редови. Станува збор за поранешниот хрватски репрезентативец Никола Калиниќ, кој е блиску до враќање на „Пољуд“.

Со тоа Калиниќ после 12 години би се вратил одново во Хајдук.

Калиниќ во 2009 година за 7,5 милиони евра отиде во Блекбурн, а потоа играше за Днипро, Фиорентина, Милан, Атлетико Мадрид и Рома. Во моментов е дел од Верона, но сега е се поблиску до враќање.

ПретходноСребро и бронза за Македонија од „Президент купот“ во Истанбул
СледноПролет продолжува победнички