ФИФА сака да го зголеми бројот на учесници на Светското клупско првенство, УЕФА ќе го блокира!

53

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, има намера да го зголеми бројот на учесници на Светското клупско првенство, како и фреквенцијата на турнирот, тврди „Тајмс“.

Според изданието, УЕФА е подготвена да го блокира секој обид на Инфантино за проширување на натпреварувањето, без разлика дали станува збор за повеќе тимови или за одржување на натпреварувањето на секои две години.

Европската фудбалска централа изразува незадоволство од евентуалното зголемување на бројот на претставници на Стариот континент.

На минатогодишното издание на турнирот учествуваа 12 европски тимови. Победник беше Челзи, кој во финалето го победи Пари Сен Жермен со 3-0.

ПретходноАтлетико минимално против Хетафе
СледноКожув не се испоти за победа над Ангели