Македонија У21 добива нов курс и смена на генерација: Повици за Дураков, Стојаноски, Масларов, Куртиши…

250

Македонската репрезентација до 21. година не ги исполни очекувањата во тековниот квалификациски циклус. Во него за жал по пет одиграни кола сме со само три освоени бодови и на петтата позиција на табелата во квалфикациската група.

Да биде ситуацијата уште по специфичка, во мартовскиот квалификациски прозорец ни доаѓаат мечевите против Италија на гости на 26 март и против Ерменија исто така на гости пет дена подоцна. Никој не би сакал да ги отпише момците на селекторот Горан Станиќ предвреме има уште четири меча од оваа кампања и уште доста бодови на располагање, но факт е дека очекувавме повеќе до сега.

Токму поради тоа, за овој двомеч, стручниот штаб, и раководните структури при ФФМ, директорите на младинските селекции, скаутинг службата, и сите одговорни по ова прашање, донесоа одлука со која оваа селекција се подмладува во моментов.

Поточно, повик за дуелите против Италија односно Ерменија, добиваат досегашните У19 репрезентативци, Давид Стојаноски од словенечкио Браво кој што игра на левата бековска позиција. Стојаноски е познато дека најпрво настапуваше за Словенија, но потоа го промени спортскиот пасош и пристигна во Македонија. Досега има седум настапи за У19 репрезентацијата на Македонија.

Следен е Илија Масларов од Лугано, со сличен статус како и Стојаноски. Играчот на швајцарски Лугано е роден 2007 година и досега настапи на два меча за нашата новосоздадена У20 репрезентација. Претходно има десетина настапи за Швајцарија, но како и во случајот на Стојаноски, и Масларов се одлучи за Македонија. И него ќе го видиме на дуелите против Италија и Ерменија.

Конечно, пристигнува и Сејдо Дураков, големиот талент на Баерн Минхен, кој што сега е дел од тимот на Рот Вајс Ерфурт и кој исто така на големо собира сениорска минутажа иако е 2007 годиште. И тој добива У21 повик за Македонија и ќе не засили на овие два претстојни квалификациски дуели.

Конечно, новитетот Мухамед Куртиши левото крило на Базел, момчето со потекло од Куманово доаѓа да ја засили Македонија и ќе го видиме во дресот до државниот грб.

Сите овие момчиња се дел од нашиот национален тим, благодарение на скаутинг службата на Фудбалската Федерација на Македонија која што периодов и тоа како ги „засука ракавите“ и одработи на терен што се вели. Ајде што ги пронајде овие наши момчиња во дијаспората туку и се потруди тие да станат дел од нашите младински селекции.

ПретходноКвалификации за ЕП 2027: Македонските кошаркарки гостуваат кај фаворитот Грција
СледноГРК Охрид vs Алкалоид: Пресметка помеѓу актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп и сонувачот