Манчини: Селекторската работа е најдоброто нешто

115

Селекторот на Италија Роберто Манчини не размислува да се врати на работа во фудбалски клуб и посочи дека ужива во работата како селектор. Манчини ја предводеше Италија до титулата Европски шампион со онаа победа над Англија на „Вембли“ во финалето.

Секогаш се обидуваме да направиме нешто посебно за нашите фанови. Неверојатно е кога ја имаме целата нација како поддршка, која не води напред на секој натпревари“, изјави Манчини.

На прашањето дали сака да се врати на работа во клуб, тој вели дека се фокусира на СП 2022 во Катар.

Имаме СП и сакаме што побрзо да се квалификуваме, а исто така треба да се обидеме да победиме во Лигата на нациите. Не размислувам на работа во клубови, фокусиран сум на работата како селектор. Селекторската работа е најдобра работа“, додаде Манчини.

 

ПретходноУ18: Второ реми против Унгарија
СледноМитревски тргна со пораз, Динамо го урна Келце, ПСЖ падна во Веспрем