ВМФЛ: Победи на водечките, Охрид и натаму е лидер!

299
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial/

Попладнево се одиграа сите осум средби од 20.коло во ВМФЛ. Според очекувањата, сите водечки екипи победија, па така и натаму неизвесноста е на сцена во поглед на горниот дел на табелата а Охрид и натаму е лидер.

Токму Охрид со 0:1 славеше кај Кожув на едно тешко гостување во Гевгелија, големи три бода за лидерот. Шкендија Арачиново како домаќин го “скрши“ Детонит со 1:0 па така и натаму е со -1 бод во однос на лидерот на табелата.

Очекувано Скопје славеше висока и убедлива победа во Прилеп кај Победа и тоа со 0:5.

Брегалница дојде до нови три бода по триумфот дома со Саса а Беласица исто така дома успеа да освои три бода против Слога (В). Интересно беше во Тетово, каде Тетекс со 2:1 го победи составот на Новаци.

РЕЗУЛТАТИ – 20.КОЛО

Беласица – Слога (В) 3:0

Брегалница – Саса 3:1

Кожув – Охрид 0:1

Победа – Скопје 0:5

Шкендија (А) – Детонит 1:0

Тетекс – Новаци 2:1

Вардар (Н) – Преспа 2:1

Осогово – Г. Коњари

ТАБЕЛА

Охрид 46, Шкендија (А) 45, Скопје 44, Брегалница 43, Беласица 40…

ПретходноВардар со пенал во судиското продолжение ја победи Брера
СледноВардар ја “скрши“ Брера дури во 90+7.минута!(ФОТО)