Денеска пред почетокот на натпреварот меѓу Осогово и Големо Коњари во ВМФЛ, на стадионот „Никола Мантов“ беа откриени бисти на двајца навивачи на домашниот тим кои ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ минатата година. Станува збор за Томас Златков и Александар Стојанов, навивачи од навивачката група „Сејмени“.










