Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со извонредните партии во дресот на Битигхајм. Во рамките на германската Втора лига, Томовски брилјираше на голот на својот клуб на мечот со Ферндорф со 12 успешни интервенции.
Битигхајм славеше со 39:28, а нашиот репрезентативец имаше извонредна вечер со над 30% одбранети удари. Тимот на Томовски е лидер во Втората лига.










