Погледнете го последниот напад на ГРК Охрид – судиите дозволија да трае цела вечност (ВИДЕО)

475

Денеска наместо да збориме за играта на теренот на првото од двата дерби натпревари викендов, за жал главна тема се судиите на мечот помеѓу ГРК Охрид и Алкалоид.

Ждрепката, која треба да се преиспита како момент, за овој натпревар посака да биде поставен судиски пар, кој за жал не е на нивото за вакви пресметки. Мечот го одбележаа бројни грешки, кои не се дозволиви.

Алкалоид синоќа преку соопштение потврди дека и официјално испрати жалба за судењето бидејќи се драстично оштетени од арбитражата на судиите Виктор Начевски и Даниело Божиновски.

Меѓу бројните грешки кои ги видовме на овој меч, во фокусот останува и последната нецела минута, во која на ГРК Охрид нападот траеше цела вечност, а судиите се изгубија во притисокот што го носи овој меч.

Ние имаме искусни судии, кои знаат да се носат со вакви натпревари…

Штета што едно вакво дерби кое се играше пред полна сала падна во сенка на арбитрите.

ПретходноЖарко Ристоски и Ал Хилал и официјално се крунисани!
СледноТиквеш размислува само на победа денеска