Навивачите на Пелистер, прогласија нова држава во која главен град е Битола

1236

Часови не делат од македонското ракометно Ел Класико помеѓу Пелистер и Вардар, кое стартуваше во 19 часот.

Домаќин е актуелниот првак, салата “Боро Чурлевски” се распродаде за кратко време, а фановите едвај чекаат да започне оваа пресметка која е и тоа како важна за Пелистер, бидејќи заостанува четири бода зад Вардар.

Битолчани ги фаќа еуфорија. На социјалните мрежи може да се прочитаат најразлични статуси еден од нив доаѓа од Фејсбук групата “И моето дете ќе навива за Пелистер”. Интересно е што прогласија нова држава во која главен град е Битола.

Секако ова е провокација за скопскиот состав, кој има шанса да зачекори цврсто кон титулата.

ПретходноВујошевиќ итно хоспитализиран, ја води најважната битка
СледноХет тик на Лусиано, Тиквеш одработи добар меч против Шкупи