Мајорка со пресврт до домашен триумф

34

Екипата на Мајорка во приот денешен дуел од програмата во шпанска Примера на свој терен успеа да го совлада Еспањол со 2:1.

И тоа со пресврт откако гостите преку Пикел поведоа со 0:1 во 36. минута. Истиот играч во 54. минута беше исклучен, еден од клучните моменти на овој меч.

Следуваше голот на Торе во 65. минута за 1:1, а комплетниот пресврт го направи Саму Коста во 88. минута. По речиси десет минути продолжение главниот судија на овој меч одсвири крај со што Мајорка стигна до екстра значајни три бода. Сега на контото 28 и е на 16. место на табелата. Сеуште опстанокот ниту од далеку не е обезбеден.

Од друга страна Еспањол е на одличното седмо место на табелата.

 

ПретходноНеверојатно, за Баерн во ЛШ ќе брани 16. годишно момче
Следно„Бомбата“ на Ибраими доволна за триумф на Шкендија над Арсими (ВИДЕО)