Настапот на Алиоски е под знак прашалник!

154

Офанзивниот бек на Лугано и еден од нашите најдобри фудбалери во изминатите години, Џани Алиоски е повреден и неговиот настап е докрај неизвесен. Новиот селектор Гоце Седлоски го стави на списокот, но прашање е дали Џани ќе може да игра.

Како што беше кажано на пресот лекарскиот тим на швајацарски Лугано, не дозволува тој да игра за Македонија, но лекарскиот тим на Македонија ќе одлучи дали тој може да игра или не. Ова е вообичаена процедура кај сите репрезентации. Јасно е дека неиграњето на Џани ќе биде голем хендикеп за нашата селекција.

Да потсетиме, на 26 март играме со Данска во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП 2026, а на 31 март или со Чешка или со Р.Ирска, во зависност од тоа каков ќе биде исходот во Копенхаген.

ПретходноОбјавен списокот за дуелот со Данска: Кам бек на Николов, Бејтулаи, деби повици за Херера, Мусовски, Фетаи
СледноСедлоски: Составот е според она што ни е потребно во моментов, Алиоски допрва ќе се знае дали доаѓа