Страшно: Претседател на фудбалски клуб застрелан во својот автомобил!

374

Попладнево пристигнуваат страшни вести од нашето соседство, поточно од Бугарија. Имено претседателот на ОФК Поморје, Христо Бургазлиев, бил застрелан во центарот на Бургас, објави ЕраНова. 57-годишниот маж беше пронајден мртов во патничкиот простор на неговиот автомобил со смртоносна рана на главата.
Полицијата беше повикана околу 15:17 часот на поради скршен прозорец на улицата„ Поп Георги“, а кратко потоа телото на Бургазлиев беше пронајдено на возачкото седиште на неговиот автомобил. Првично, се разгледуваше верзија за самоубиство со легално поседуван пиштол, но неофицијалните информации укажуваат и на друга хипотеза. Според изворите, пред инцидентот, тој имал конфликт, а кратко откако влегол во својот автомобил, друг маж го испукал смртоносниот истрел.
Истрагата продолжува, при што полицијата ги испрашува сведоците и ги запленува снимките од камерите во областа за да ја разјасни точната хронологија на тоа што се случило.

ПретходноПеп со специјална порака до своите играчи пред утрешниот реванш со Реал Мадрид!(ВИДЕО)
СледноХерера: Благодарам ФФМ, благодарам Седлоски, за Македонија ќе оставам срце на терен