
Тимот на Челзи е „олеснет“ со 10,75 милиони фунти и плус добива едногодишна забрана за трансфери, поради неправилности во финансикото работење на име на трансфери во минатото, поточно во ерата на Роман Абрамович
Премиер лигата започна голема истрага за тајните плаќања што Челзи ги извршил на фудбалски агенти и други лица. Овие нерегулирани трансакции се случиле помеѓу 2011 и 2018 година, кога „сините“ беа во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович.
Покрај големата финансиска казна и условната забрана за привлекување нови играчи во првиот тим, клубот се соочува и со дополнителни ограничувања. На Челзи му е изречена деветмесечна забрана за трансфери во нивната академија, која стапува на сила веднаш. Поврзана е со неправилности во поднесувањето на млади играчи помеѓу 2019 и 2022 година.









