По 19 години на терените: Клас-Јан Хунтелар замина во пензија

310

Холандскиот напаѓач Клас-Јан Хунтелар денеска објави дека одлучил да ја заврши кариерата како фудбалер. Последниот тим на напаѓачот беше Шалке 04, каде остана до крајот на минатата сезона.

Играчот не можеше да го спаси Шалке од испаѓање и во моментов беше без ангажман. Хунтелар играше за ПСВ Ајндховен во својата земја, а потоа помина низ клубови како Ајакс, Реал Мадрид и Милан.

За време на неговиот престој во Шалке 04, заедно со Перуецот Џеферсон Фарфан го формираше најдобриот напаѓачки тандем во историјата на Шалке.

Во фудбалска пензија, Клас заминува по вкупно одиграни 632 меча и постигнати 358 гола, на кои треба да се додадат и 43 за холандската репрезентација.

ПретходноБарса со триумф над Флензбург ја почна одбраната на титулата во ЛШ
СледноКЛ: Партизан триумфално на Кипар, Рома ги преслуша софиските „црвени“ (ВИДЕО)