Вечна е дилемата дали Диего Марадона или Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот на сите времиња. Некој ќе каже тоа е Пеле, некои пак Кристијано Роналдо, некој смета дека тоа е “вистинскиот“ Роналдо или Јохан Кројф. Но за Аргентинцте нема дилеми. Секоја чест за Лео, но Диего си е Диего.
И двајцата освоија СП, првиот во 1986 во Мексико, вториот во 2022 во Катар. Сепак Аргентина смета дека Марадона треба да е пред Меси, барем засега, барем пред СП 2026. Којзне, ако Меси го одбрани трофејот, можеби ќе биде најдобриот меѓу најдобрите.
Иако Марио Кемпес беше најдобар на СП 1978 кога Аргентина дома беше светски првак, сепак тој е на четвртото место, пред него е иконата на Реал Мадрид, Алфредо Ди Стефано.
Ова се ТОП 20 Аргентинци на сите времиња:











