Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

107
ФОТО:FFM.MK

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа конкуренција.

Со оваа победа “црвено-црните” имаат 50 бода, три повеќе во однос на градскиот ривал додека кругот на фаворитите се затвора со Македонија ЃП која е трета со 49.

Директниот дуел за шампионскиот трофеј беше решен во второто полувреме. Во првиот дел, Работнички поведе во 23. минута со погодокот на Матеј Киш, а седум минути подоцна Коста Бошковски израмни на 1:1.

Ривалите за освојување на првата позиција одиграа извонредно второ полувреме во кое и двата тима имаа свои шанси за гол. Во 74. минута во листата на стрелци се запиша Петар Тодоровски за водство на Вардар од 2:1. Во 84-тата Админ Абдула зголеми на 3:1, а конечниот резултат го постави Матеј Ивановски со погодокот постигнат во 87. минута.

Третопласираниот состав на табелата, Македонија ЃП триумфираше со 5:2 на гостувањето против Башкими. Стрелци на головите за гостите беа Дамјан Талаков, Муаз Рамадани, Иле Тошевски, Лука Кнежевиќ и Антиан Емини.

Пелистер како гостин славеше со 3:0 во дуелот против Тиквеш, АП Брера ја совлада Шкендија со 3:1. Со истиот резултат заврши и соочувањето меѓу Арсими и Шкупи, а Охрид Лихнидос забележа победа на гостувањето против Скопје.

Убедлива беше и штипска Брегалница која во Тетово триумфираше над Тетекс со 5:2.

ПретходноИталија стравува за Тонали
СледноОва е дресот со кој Македонија ќе игра во Копенхаген!(ФОТО)