Тренто ја продолжи ужасната низа порази, Андреј запиша четири поени

47
Фото: Тренто

Тренто на нашиот Андреј Јакимовски ја продолжи ужасната серија порази. Веќе во четврти меч едноподруго во италијанското првенство, Тренто не успева да ги израдува своите навивачи. Вечерва на домашен терен Тренто загуби од екипата на Бреша со 77:85 и запиша четврти пораз во низа, вкупно тринаесетти во првенството.

Јакимовски вечерва беше во составот на домашните и средбата ја заврши со 4 поени и 5 скока.

ПретходноАртета се уште е „чирак“ на Пеп: Манчестер Сити по деветтипат го освои Карабао Купот (ВИДЕО)
СледноРома минимално го порази Лече