Растодер: За десет минути примивме три гола – тоа не смееше да се случи!

334

СпортСпорт во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски

После еден убедлив пораз, тешко е да се каже било што. А уште потешко е кога истиот значи дека големиот сон за Светско првенство за македонската фудбалска репрезентација, но и цела нација згасна за нецели десет минути. Данска на дело покажа зошто е фаворит, во второто полувреме ги казни сите грешки на нашите фудбалери и славеше со убедливи 4-0.

„Првото полувеме се боревме, во второто не знам што се случи, примивме три гола. Требаше мечот да зварши поинаку. Во прво полувреме бевме добри, имавме неколку шанси, имаше добар контакт, но во вториот дел за девет-десет минути примивме три гола, тоа не смееше да се случи. Не знам што да кажам“, изјави Елмин Растодер. 

Македонија сепак ќе мора да одигра уште еден натпревар, против кого ќе биде познато за брзо време.

ПретходноЕлмас после поразот: Тешко е да се каже било што…Не е првпат да ни се случи вакво нешто!
СледноЧурлинов: “Ако некој се погледне во огледало и мисли дека одиграл добро, ОК“!