ЖКК Гевгелија е нов прволигаш!

49
фото: mkd.basketball

Покрај Кожув, кој е дел од најелитното машко натпреварување, во следната натпреварувачка сезона од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига ќе се натпреварува и ЖКК Гевгелија. Во третиот и одлучувачки натпревар од плеј—офот во женската Втора лига, кошаркарките на Гевгелијаа беа доста подобри од екипата на Струга 2009.

Славеа со убедливи (68:44), и со конечни (2-1), ја затворија финалната серија, преку која се промовираа во нов член на најквалитетното женско сениорско натпреварување. На третиот натпревар, гевгеличанки имаа одличен почеток и прва четвртина во која се одвоија на висока позитива (24:11).

Тука не застанаа, притиснаа уште повеќе домашните кошаркарки, особено во одбраната, за веќе на полувремето да се стекнат со недостижна предност (34:13). Димковска реализираше 17 поени за Гевгелија, додека Муса-Димитровски и Стојковска додадоа по 12. Во гостинската екипа, со 18 поени се издвои Зиба, Даути постигна осум, а Мутрезаи уште седум поени.

ПретходноДајч прифатил да го преземе Тотенхем, но бара договор на најмалку 18 месеци
СледноИгор Стојчевски главен на У21 дуелот помеѓу Португалија и Шкотска