Пресврт на околностите во Лондон: Тотенхем и Де Зерби блиску до договор

143

Откако екипата на Тотенхем остана без менаџер, по отказот на Игор Тудор, доста имиња се спомнуваат како негови потенцијални заменици. Шон Дајч е форсиран од повеќе англиски медиуми, но од друга страна пак менаџментот на Спарси очигледно дека има и други опции.

Последна е онаа информација која што вели дека Роберто Де Зерби е наследникот на Тудор. Италијанецот би бил трер менаџер на Тотенхем оваа сезона затоа што претходно тука беше и Томас Франк.

На Италијанецот му е понуден долгорочен договор и значаен финансиски пакет што би го направил еден од најплатените менаџери во Премиер лигата.

Последно Де Зерби беше дел од тимот на Олимпик Марсеј.
ПретходноГРК Охрид во обид да ангажира интернационалец од Србија
СледноПо седум години конечно заврши случајот на трагично загинатиот Емилиано Сала