Столе Димитриевски: “Кога играме за Македонија нема неважен натпревар!“

275

Иако утрешниот меч со Р.Ирска на „Авива стадионот“ во Даблин ќе нема никаква важност, сепак ќе се игра за прести, ќе се игра за Македонија.

Ова го велат нашите репрезентативци од Даблин, а посебно голманот Столе Димитриевски кој во пресрет на утрешната средба со домашната селекција на Р.Ирска искоментира на пресот:
Факт е дека примивме многу голови на последните два меча. Разговаравме за она што се случи во Копенхагем и поразот од Данска, но секако мора да бидеме подобро позиционирани за да не дозволуваме во иднина киксеви како во Копенхаген“.

Столе вели дека нема неважен натпревар кога се игра за Македонија:

Јас сум професионалец и кога доаѓаме да играме за Македонија за нас нема неважен натпревар. Секогаш играм за да победувам. Тоа е најмалку што може да направиме за Македонија. Ние играчите навистина разговараме меѓу нас, и се консултираме меѓу нас самите. Утре сакаме да одиграме подобро од Данска и да се подобриме, да бидеме на едно повисоко ниво, и да ги ираздуваме нашите навивачи кои заслужуваат малку радост“.

ПретходноСедлоски:„Ќе има измени во стартниот состав, ситуацијата се смири, атмосферата е добра!“
СледноШто прават во Реал: Погрешна нога прегледана и на Камавинга!