ТРАГЕДИЈА: На 51 година почина поранешниот тренер на Вардар

583

Шокатни вести доаѓаат од светот на ракометот. Легендарното руски лево крило, олимписки шампион, тренер на Мешков од Брест, Едуард Кокшаров, ненадејно почина на 51-годишна возраст.

„Изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство и најблиските. Со длабока тага ја известуваме јавноста дека главниот тренер на нашиот ракометен клуб, олимписки шампион, светски шампион и победник на Лигата на шампионите, Едуард Александрович Кокшаров, ненадејно почина на 51-годишна возраст.  Ова е непоправлива загуба за целото ракометно семејство и голем шок за светската ракометна заедница“, се вели во соопштението на клубот.

Големата ракометна ѕвезда ги помина своите најдобри денови во Целје во Пивоварна Лашко, со која ја освои Лигата на шампионите на ЕХФ во 2004 година. Помина 12 сезони во Целје, а кариерата ја заврши со Чеховски Медведи. Шест пати беше избиран во идеалните состави на големите натпреварувања како член на руската репрезентација, со која го освои златниот медал на светското првенство во 1997 година и олимписката круна три години подоцна во Сиднеј.

Како тренер, работеше во ЖРК Вардар во периодот во 2016 година, беше спортски директор и на машкиот тим. Беше селектор на руската репрезентација, го водеше „Ростов на Дон“, а неговиот последен ангажман беше во „Мешково“ од Брест.

ПретходноНов странец: ГРК Охрид го потврди Дино Славиќ!
СледноНов кикс на Баскет Кам, Крива Паланка не го дава врвот