Англискиот тим предводен од Вејн Руни е пред згаснување

533

Дерби Каунти е пред згаснување и оваа сезона може да не настапува во Чемпионшип-лигата, во која по седум кола се наоѓа на 16. место на табелата со седум бодови.

Клубот кој е основан во 1884 година, а го предводи Вејн Руни, се наоѓа во големи финансиски проблеми и веднаш ќе му бидат одземени 12 бода, а најверојатно ќе остане без дополнителни девет поради поради дополнителните правила кои ќе бидат прекршени со стечајот.

Двократниот првак на Англија од 1972 и 1975 година во време на коронавирус остана без 20 милиони фунти, што за тим од овој калибер е голем губиток. Првиот човек на клубот Мел Морис договори продажба на клубот и стадионот на инвеститори во 2020 година, но истата беше стопирана поради финансиската истрага во клубот.

Девет месеци подоцна на Дерби му беше дозволена продажба, но тогашните заинтере4сирани странки кренаа раце. Клубот аплицираше за 8,3 милиони фунти помош која се нудеше на сите клубови, но и таа апликација е стопирана поради истрагата.

ПретходноL’Equipe ги откри деталите од договорот на Меси: Бројките се неверојатни
СледноЈунајтед и Јувентус со големи загуби, италијанскиот тим најави нов минус