Денеска продолжуваат натпреварите од Супер-лигата, на програмата е третото коло. Првиот натпревар се игра во Битола, Е.Пелистер е домаќин на Струга, дуелот е закажан со почеток во 16 часот.
Избраниците на Жељко Бабиќ имаат две победи во низа, заедно со Вардар 1961, Пролет и Охрид се без грешка. Она што е сигурно е дека во Битола се бара перфекција, а според силите, дефинитивно домаќинот е фаворит.
Интересно ќе биде во Скопје. Пролет го пречекува Прилеп. Избраниците на Горан Кузманоски зад себе го имаат триумфот над Металург, што пак е доволна најава за нова интересна битка во Супер-лигата. Покажаа на дело дека имаат квалитет, на другата страна фаворитот Пролет ќе треба да биде внимателен.
Кузманоски нема да смета на услугите на Манчески, Трајкоски и Андоновски.