Фетаи: Мора да бидеме максимално фокусирани и да не го потцениме Пелистер

71
Фото: ФФМ

Во финишот од првенството, Шкендија има шанса да ја одбрани титулата во ПМФЛ. Се израмни по бројот на бодови со Вардар, а сега во последните девет кола влегува со шанса повторно да се искачи на шампионскиот трон. За такво нешто ќе мора да се добиваат натпреварите со сите противници, особено со оние од долниот дел на табелата кои на крајот може да бидат решавачки.

Шкендија пред себе има „домашна задача“ и дуел против Пелистер. Тимот од Битола доаѓа во Тетово со нов тренер и со амбиции да избори опстанок, со оглед дека се наоѓа во опасната зона, и потребни му се бодови. Поучени од минатиот меч, кога губеа, па потоа мораа да се враќаат со пресврт, Шкендија сега нема да го потцени противникот и максимално фокусирана ќе влезе во пресметката со битолскиот прволигаш.

„Атмосферата во тимот е позитивна и ние сме максимално фокусирани. Мораме да бидеме многу внимателни затоа што овие натпревари после репрезентативната пауза можат да бидат тешки и опасни. Заедно сме само два дена, но одиме 100% фокусирани да ги освоиме трите бода. Носиме поуки и од последниот меѓусебен натпревар кога работите не одеа како што треба, губевме, па потоа мораше да правиме пресврт. Се надевам дека овој пат ќе нема таква неизвесност и дека ќе дојдеме до триумф“, изјави дефанзивецот на Шкендија и новиот репрезентативец на Македонија, Имран Фетаи.

ПретходноВардар нема друга опција освен да победува, Македонија Ѓ.П не е во состојба да губи
СледноГвардиола за Родри: Не се сеќавам на играч кој го одбил Реал Мадрид