Роналдо, Меси, Мбапе и Вини: Некој заработи за рекламата за “Лего“, 3,5 милиони евра, а некој само 325.000! (ВИДЕО)

115
фото: AlNassr FC @AlNassrFC_EN (X)

Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе, како најголеми фудбалски звезди глумеа во реклама на Лего за промоција на сетови направени за Светското првенство. Рекламата стана огромен хит на интернет. На неа се прикажани четирите големи ѕвезди на иста маса, како составуваат Лего коцки. Сепак, вистината е дека во ниту еден момент четворицата не биле заедно во собата, туку снимката е снимена со тајмлапс, а подоцна е монтирана. Без оглед на тоа, Лего инвестираше осум милиони долари во оваа кампања, пишува beIn Sports, каде што се наведува колку заработил секој од фудбалерите од неа. Кристијано Роналдо доби 3,5 милиони долари, Меси 2,6 милиони, Мбапе 850 илјади, а Винисиус 325 илјади. Разликите во хонорарите се базираат на бројот на следбеници на Инстаграм. Кристијано Роналдо е познат како крал на Инстаграм, со 673 милиони следбеници, додека најслабиот од четворицата, Винисиус, има 60 милиони.

ПретходноСрамно: Турски фудбалер ја “однесе“ судијката и не ѝ помогна да стане!(ВИДЕО)
СледноСтоле и Валенсија загубија дома од Селта