ВМФЛ: Вардар (Н) со гостинска победа кај Г.Коњари

44

Во последниот меч од 23.коло во ВМФЛ, Вардар Неготино успеа, како гостин, да го победи составот на Големо Коњари. Победничкиот гол падна во второто полувреме.

Ова беше петта победа сезонава за тимот од Неготино, но победа која речиси и ништо да не значи во поглед на опстанокот ако се знае дека овој тим има -10 бода во однос на Саса, која се наоѓа во зоната на екипите кои веројатно ќе играат бараж.

Со овој меч се комплетираше 23.коло во ВМФЛ, познато е дека вчера се одиграа сите останати мечеви.

Еве како изгледа табелата на врвот каде е вистинска мешаница:

Охрид 52, Брегалница 52, Шкендија (А) 52, Скопје 50…во секој случај ќе биде супер интересно за тоа прво место кое води директно во ПМФЛ.

ПретходноЖФК Љуботен:“Ја погребавте македонштината во Тетово, ова е крај на една ера“! (ФОТО)
СледноСрамно: Турски фудбалер ја “однесе“ судијката и не ѝ помогна да стане!(ВИДЕО)