Заврши регуларниот дел од кошаркарскиот шампионат: ТФТ е лидер, Тиквеш се „протна“ во плеј – офот, а Куманово отпадна

269

Вечерва се одигра последното коло од регуларниот дел од кошаркарскиот шампионат на Македонија. Поточно, од денеска и официјално се знае кои екипи се пласираа во плеј офот, односно во најдобрите шест на домашната сцена.

Клучни вечерва беа неколку дуели.

Работнички во Градски парк го совлада Куманово со конечни со 76:72 и на тој начин го „исфрли“ овој тим од плеј офот.

Од друга страна пак, ТФТ иако поразен се враќа од Кавадарци од гостувањето кај Тиквеш,   102-74, сепак, како лидер го завршува овој дел од шампионатот.

Тоа е пред се поради фактот што МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Чаир со конечни 76-68 и на тој начин му го предаде првото место што се вели на ТФТ.

Гостивар во интересен меч славеше над Феникс со 76-74 и со тоа сега Феникс има победа помалку од Работнички, двата тима кои во плеј-аутот ќе се обидат да го избегнат последното трето место кое следната сезона води во ранг подоле.

Конечно, во плеј офот на македонската кошаркарска сезона се пласираат, МЗТ Скопје, ТФТ, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш.

Од друга страна во битката за опстанок влегуваат,  МКК Куманово, Чаир, Работнички, Феникс, Гостивар и Ангели.

 

ПретходноДејан Георгиевски со златен медал на “Скопје Опен Г1“ (ВИДЕО)
СледноНавивачка фешта во Градски парк, триумфот на Работнички го чини Куманово плеј – оф (ФОТОГАЛЕРИЈА)