Со голот на Винас, тимот на Овиедо ибаку последнопласиран на табелата во Примера направи подвиг на свој терен и ја совлада Севиља со минимални 1:0.
Голот беше постигнат во 32. минута, а потоа гостите не успеаа да се опорават резултатски.
Згора на тоа уште од 38. минута останаа со играч помалку затоа што Нианзоу доби директен црвен картон.
Овиедо и натаму е последен со 24 поени, додека пак Севиља е на само место од опасната зона со 31 поен и тежок период пред себе за да обезбеди опстанок.










