Познат е распоредот во плеј-офот и битката за првото место

95

По завршување на регуларниот дел од сезоната во Супер-лигата, познат е распоредот од првата фаза од плеј-офот. Ќе се одиграат пет кола, а шест тима ќе се борат за првите четири места кои носат пласман во полуфиналето.

Овој дел од првенството ќе се игра во еднокружен систем „секој со секого“, а познат е распоредот на натпревари. Лидерската позиција му припадна на ТФТ, додека зад него е МЗТ Скопје.

Во првото коло ќе се сретнат ТФТ – Тиквеш, МЗТ Скопје – Кожув и Пелистер – Маџари.

Двата тима кои се борат за првото место својата пресметка ќе ја имаат во второто коло, ТФТ е домаќин на МЗТ Скопје. Тимот од Тафталиџе има 40 бода, еден повеќе од МЗТ Скопје. Во ова коло силите ќе ги одмерат Кожув и Пелистер и Тиквеш – Мааџари.

Распоред

  1. коло: МЗТ Скопје – Тиквеш, Пелистер – ТФТ, Маџари – Кожув.
  2. коло: Тиквеш – Кожув, ТФТ – Маџари, МЗТ Скопје – Пелистер.
  3. коло: Пелистер – Тиквеш, Маџари – МЗТ Скопје, Кожув – ТФТ.

ТАБЕЛА

1.ТФТ 22 19 3 1817:1571 41

2.МЗТ Скопје А. 22 19 3 1735:1534 40

3.Пелистер 22 14 8 2002:1807 36

4.Маџари 22 12 10 1752:1731 34

5.Кожув 22 12 10 1834:1793 34

6.Тиквеш ГИ 22 11 11 1735:1728 33

ПретходноМанчестер Сити потврди дека капитенот си заминува
СледноПЕТОРКА НА КОЛОТО – 22: Боувен и Симиќ го оставија Кожув во плеј-оф зоната