Во Севиља ситуацијата е многу лоша…. дочек на навивачи, закани и можна релегација (ВИДЕО)

142

Екипата на Севиља живее тешки моменти. Сезонава игра очајно што нормално се одразува на резултатите, кои што го доведоа клубот во ситуација на опстанок, кој што нормално треба да се одработи на терен.

Севиља има пет неуспешни мечеви по ред, од кои што последниот се случи викендов против Овиедо од минални 1:0 на гости.

По враќањето од таму, во раните утрински часови, тимот го пречекаа најверните навивачи, кои беа многу лошо расположени и кои што побараа одговорност на лице место.

Со навреди, и закани да си одат од клубот, играчите со наведнати глави се качија во автобусот и заминаа посрамени.

Посебни беа навредите кон претседателот на клубот, Хозе Марија дел Нидо Караско, кој што нормално избегна директен контакт.

Проблемите продолжија и во тренинг центарот на Севиља каде што се појавија маскирани лица, а од клубот побараа интервенција од полицијата.

 

ПретходноТОП вест за Баерн, Кејн е ок и ќе настапи против Реал Мадрид
СледноЧкембари повикуваат на мобилизација пред дербито, а Комити возвратија…. „да имавте аеродром ќе дојдевме со авион“…..