Андреј Магдевски успешно опериран! (ФОТО)

258
ФОТО:.facebook.com/kkmztskopje

Андреј Магдевски денеска беше успешно опериран по тешката повреда на коленото, добиена на неодамнешниот домашен меч против Тиквеш. Тој се повреди при еден од карактеристичните пробиви кон противничкиот кош, по што по низа лекарски консултации беше решено дека е неопходен оперативен зафат.

Плејмејкерот на МЗТ Скопје и на репрезентацијата на Македонија беше опериран од доктор Михајло Ивановски.

По оваа оперција следува пауза за репрезентативецот и рехабилитација од неколку месеци за да потоа Магдевски се врати во дресот на МЗТ Скопје како и во репрезентацијата на Македонија.

ПретходноВо Велес дружба на најмладите кошаркарски таленти!(ФОТО)
СледноЈуве победнички со Џенова!