Пораз од Египет на стартот од Били Џин Кинг Купот на македонските тенисерки

25
Фото: Милош Руњиќ

Македонските тенисерки претрпеа пораз од 3:0 од Египет во првиот дуел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се игра Бања Лука. Ривалките ја имаа и ја оправдаа улогата на фаворитки.

Во првиот меч на двете второрангираните тенисерки од репрезентациите Јасмин Езат ја совлада Ана Митевска со 2:0 во сетови (6:0 и 6:2).

Во мечот на прворангираните тенисерки имаше повеќе неизвесност и траеше 1 час и 50 минути. Во првиот сет Сара Митевска имаше водство од 3:2 во гемови, но ривалката Лами Алхусеин Абдел Азиз освои три гема и поведе со 5:3 и сетот го заврши со 6:4. Во вториот сет Сара Митевска имаше водство од 2:0 и 3:1 во гемови, но искусната противничка која е на 404. место на ВТА листата го доби и вториот сет со 6:3.

Во мечот во двојки селекторот Кристијан Вангелов направи замена и на теренот се појавија Јана Божиновска и Зара Зафировска, кои загубија од Абдел Азиз и Нада Фуад со 2:0 во сетови.

Утре Македонија е слободна, а во зависност од исходите од мечевите денеска и утре ќе биде познат противникот во среда.

ПретходноФудбалската Федерација на Шпанија ги осуди навивачките напади врз тимот на Севиља
СледноСинер: “Да можев, ќе дадев еден свој трофеј само Италија да се пласираше на Мундијалот“!