Алегри: Трката за титулата не е за нас!

58

Наполи го победи Милан со 1:0 во дерби колото од италијанската Серија А и со тоа го прескокна на второто место на ранг-листата. Решавачкиот гол на стадионот „Диего Армандо Марадона“ го постигна Матео Политано во 79-тата минута, кратко по влегувањето во игра.

Екипата на Антонио Конте сега е седум бода зад лидерот Интер, додека Милан на Алегри е девет бода зад него. Тренерот на Милан по натпреварот коментираше дека неговиот тим е елиминиран од борбата за шампионската титула бидејќи Интер, според него, има недостижна предност на табелата.

„Трката за шампионската титула повеќе не е за нас. Интер е девет бода пред нас, а сега и Наполи ја направи разликата. Мораме да се фокусираме на себе, да одиме натпревар по натпревар. Засега сме на пат кон остварување на нашата цел, а тоа е да влеземе во Лигата на шампионите. Но, тоа нема да се реши оваа недела или следната. Затоа мора да победиме и да ја задржиме нашата позиција“, рече Алегри.

ПретходноЛШ -1/4 финале: Реал VS Баерн…дуел на ТИТАНИТЕ, Арсенал на гости во Лисабон! (ФОТО)
СледноМакпетрол најуспешен карате клуб на Државното првенство за сениори