Ништо од Словенецот: Атлетико (М) ќе мора без Облак на мечот со Барса

73

Атлетико Мадрид, сепак, утре ќе мора да се појави без првиот голман на клубот, Јан Облак, за дуелот со Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Искусниот голман страда од повреда на мускулот поради која не играше во последните четири натпревари, а сè уште не се опоравил.

Покрај Јан Облак, поради повреда на утрешниот натпревар ќе отсуствуваат и Џони Кардосо, Пабло Бариос и Хозе Хименез.

ПретходноМонпелје и официјално е противникот на Вардар во четвртфиналето
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Баерн води на „Бернабеу“, во Лисабон мрежите мируваат (ВИДЕО)