Еден од најдобрите македонски одбојкарски тренери, поранешниот репрезентативец Жарко Ристоски, следната сезона ќе работи во едно од најсилните европски национални првенства. Ристоски денеска и официјално потпиша договор со турскиот прволигаш екипата на Истанбул Беледијеспор и ќе го предводи тимот од почетокот на следната сезона.
Од клубот денеска соопштија дека Ристоски е доведен за да го однесе тимот едно скалило нагоре, кон тимовите кои следната сезона ќе се борат за место во плеј-офот во најсилниот турски одбојкарски шампионат.
Генералниот секретар на Истанбул ББ, Ердем Асланоглу, по потишувањето на договорот изјави: „Продолжуваме со нашето патување со тренерски персонал кој најдобро ќе го одрази натпреварувачкиот идентитет на нашиот спортски клуб на теренот. Имаме целосна доверба во г-дин Ристоски. Му посакувам нему и на нашиот тим успешна сезона“.
Ристоски својот тренерски капацитет и квалитет го потврди со работа на Блискиот исток. Оваа сезона беше доминантен во Саудиска Арабија освојувајќи ги практично сите трофеи со екипата на Ал Хилал.










