Куманово го совлада Работнички на домашнен терен со 82-81. Дуелот беше решен во последниот напад, а посреќен излегоа кумановските кошаркари.
Домаќинот за нијанса беше подобар, по првата четвртина имаше водство од 22-19, на одморот беше 38-34.
Во одлучувачките десет минути, Работнички влезе со негатива од еден кош 58-57, во финишот подобро се снајде домаќинот.
Најдобар кај Куманово беше Џозеф со 22 поени и Каплановиќ со 19 поени, додека кај Работнички се истакна Полп со 28 поени и Марковски кој реализира 20 поени.