Тиквеш немаше сили за изненадување: ТФТ во последната минута до победа (ФОТО)

65

Во вистинска кошаркарска драма, лидерот на табелата во домашниот кошаркарски шампионат, ТФТ славеше против екипата на Тиквеш со 80:74 на стартот од разигрувањето за шампионската титула.

Денеска во „Градски Парк“ видовме натпревар со многу пресврти и големи падови во играта и на двата тима. ТФТ тргна како фаворит и во првите 10 минути на мечот имаше предност од три поени 17:14. Следуваше извонредниот втор период кој го одиграа гостите во кој не само што ја анулираа домашната предност, туку успеаја на одмор да заминат со комотна предност од 29:35.

ТФТ се „разбуди“ на почетокот на вториот дел, ги искористи своите минути и успеа повторно да направи целосен пресврт доаѓајќи до висока предност пред последните 10 минути на мечот (59:51). И потоа следуваше вистинска драма во последните неколку минути на мечот. Иако ТФТ влезе во завршницата со комотна предност (69:61) на неполни пет минути до крајот, сепак Тиквеш тргна на се или ништо и не само што ја надомести негативата, туку на 1,5 минута до крајот успеа да победе – 73:74. Но, тука како да ги потрошија сите сили и до крајот не погодија ниту еднаш. ТФТ реализираше неколку напади и на крајот дојде до победа со 80:74.

Зафиров со 20 поени беше предводник на ТФТ до победата, додека 17 поени запиша Гордон. Кај Тиквеш добар натпревар одигра Хокинс со 20 поени.

ПретходноТенисерките повторно поразени, ја напуштаат Втората Евро-африканска зона
СледноПознати составите за 102-то градско дерби (ФОТО)