Шампионот МЗТ Скопје А. ја задржува позицијата во битката за врвот на табелата во домашната Суперлига, откако денеска во премиерното коло од финалниот дел на шампионатот, потешко од очекуваното, на крајот славеше против жилавиот Кожув со 84:75.
Момците на Васко Атанасов прописно се намачија за да ја запишат новата победа, затоа што Кожув одигра одличен натпревар. Гостите со ефикасна прва четвртина најавија дека нема лесно да се предадат. Во првите 10 минути Кожув заврши со предност со 20:27, по што следуваше вториот период во кој домашните се вратија во живот и на полувреме заминаа со само два поени негатива (40:42).
Третиот период беше комплетно израмнет. Ниту едне тим немаше предност поголема од три поени. Во финалните 10 минути предноста ја задржаа гостите 59:60. И кога беше најважно, МЗТ Скопје А. успеа во финалето на мечот да дојде до својот најдобар дел од натпреварот, направи предност од 5 поени на две минути до крајот, предност која се чини беше пресудна.
Двоецот Танасковиќ и Дамјна Стојановски со по 21 поен беа лидери во победничкиот состав, додека кај Кожув, Боуен постигна 24, додека Николас имаше 20 поени.










