Јуве победнички во Бергамо!

38
ФОТО:.facebook.com/Juventus/

Јувентус со 0:1 успеа да слави на гости кај Аталанта во меч од 32-то коло на италијанската Серија А.
Тимот на Лучијано Спалети ја продолжи серијата добри резултати, а со вечерашниот триумф, барем привремено стигнаа до зоната што води кон Лигата на шампионите, прескокнувајќи го Комо, кој утре ќе го игра својот дуел со Интер.
Аталанта подобро го отвори дуелот подобро, и прва се закани преку Запакоста, потоа Залевски, а не долго потоа, Скалвини ја погоди стативата.
Потоа следеа обиди на Тирам и Кели на другата страна, потоа Де Кетеларе кај домашните, а Крстовиќ лесно можеше да биде меѓу стрелците, кој на крајот од првото полувреме ја испрати топката веднаш покрај стативата по еден удар со “ножичќи“.
Не поминаа ни три минути од вториот дел кога Јувентус поведе.
Жереми Бога ја искористи лошата реакција на Скалвини и со малку среќа успеа да ја затресе мрежата за 0:1, но и за победа.

Претходно“Олисе во Реал? Нема шанси…“
СледноСевиља го “реши“ Атлетико Мадрид!