Алиоски од јануари има минато само 59 минути на терен

93

Лош период за македонскиот интернационалец и репрезентативец Езџијан Алиоски. Искусниот играч се врати во неговата „матична“ Швајцарија и заигра за тимот на Лугано, но неговата минутажа во моментов е ужасна.

Поточно, од  јануари наваму, Алиоски има минато само 59 минути на терен, што поради повреда, што поради тренерска одлука. Поточно оваа минутажа е на дванаесет мечеви на неговиот тим Лугано од 31 јануари па наваму.

Алиоски кој веќе има 34 години и е на залезот на кариерата сеуште е битна алка во националниот тим, и токму поради повреда не беше дел од бараж дуелот против Данска во Копенхаген.

На последните два меча како резерва одигра само седум минути, и добро е барем што воопшто се врати на терен.

Да се надеваме дека наскоро Алиоски ќе добие поголема шанса и со тоа ќе ја подигне својата форма. Селекторот Седлоски најави некакви измени во составот за јунските мечеви на репрезентацијата на Македонија, па ќе видиме дали Алиоски повторно ќе биде во комбинација.

 

ПретходноНБА калкулации: Дури 168 играчи се одморија пред последниот натпревар
СледноВасоски: Одиме според планот, целта на Силекс е третото место во шампионатот