Синер го победи Карлито за титула во Монте Карло и за бр.1 на АТП листата!

66
ФОТО:USOpen/FB

Јаник Синер го победи Карлос Алкараз во финалето на Мастерсот во Монте Карло со резултат 2:0, во сетови 7:6 (5), 6:3. За прв пат во својата кариера, Италијанецот Јаник Синер го освои Мастерсот во Монте Карло, со што го симна од првото место на АТП ранг-листата.
Во двата сета, Алкараз прв стигна до брејк, но Синер секогаш се враќаше. Во тај-брејкот, Синер имаше 6-4 и промаши зицер на мрежата, но Шпанецот му го даде сетот со двојна грешка во следниот поен.
Во вториот сет, по 1:3, Синер одигра многу подобро и не му дозволи ниту еден гем на својот ривал.
Ова беше 17-та средба помеѓу Алкараз и Синер, а деветта во финалето. Шпанецот сега има предност од 10-7 во сите натпревари и предност од 5-4 во финалето.

ПретходноМиовски: Како стрелец, дожност е да постигнуваш голови
СледноФутсал:Македонија ја победи и Литванија за “три од три“ во групата во мундијалските квалификации